Во случај на недостиг на гас, Хамбург воведува рестрикции за топла вода и греење

од Берта Китинска

Градските власти на Хамбург ќе воведат контролирана дистрибуција на топла вода за приватните домаќинства и ограничување на максималната температура за греење на становите, во случај на акутен недостиг на гас, изјави Јенс Керстан, претставник на Хамбург задолжен за животна средина.

Откако Русија го прекина снабдувањето со гас преку гасоводот Северен тек 1, германската влада минатиот месец го активира второто од трите нивоа на итни мерки во случај на недостиг на гас, а третото ниво воведува ограничувања за потрошувачката на гориво, објави Ројтерс.

Германската влада апелираше до граѓаните и компаниите да ја намалат потрошувачката на енергија и да помогнат да се наполнат складиштата и да се соберат резерви на гас до зима, додека германските градови размислуваат да воведат дополнителни мерки во случај на недостиг на гас.

„Во случај на акутен недостиг на гас, топла вода може да биде достапна само во одредени периоди од денот, во итен случај“, рече Јенс Керстан, функционер за животна средина во Хамбург, според весникот „Велт ам Зонтаг“.

Керстан рече дека градот може да размисли и за општо намалување на максималната собна температура во мрежата за топла вода, а според федералниот план за итни случаи, домаќинствата и критичните институции како што се болниците во третото ниво на мерки предвидени во планот за итни случаи ќе имаат индустриски приоритет, иако можеби нема да биде возможно во цел Хамбург од технички причини.

Слични содржини