Во Зрновци за претседателските избори право на глас имаат 2503 гласачи, а за парламентарните 2507

Навремено отворени гласачките места, изборниот ден тече во најдобар ред во Зрновци, потврдува заменик претседателката Анета Божиновска на ОИК во Зрновци. Во избирачките списоци за претседателските избори има запишано вкупно 2503 гласачи, а за парламентарните избори списокот брои 2507 гласачи.

„Гласањето како и во сите избирачки места кои се во надлежност на ИК Зрновци тече непрекинато и без неправилности. Сите гласачки места се отворени навреме во седум часот. Во избирачкиот список за претседателски избори имаме запишано вкупно 2503 гласачи од кои правото на глас го исполниле 324 гласачи односно 20,9%, а во избирачкиот список за парламентарни избори има запишани 2507 гласачи од кои правото на глас го исполниле 321 гласач до 11 часот односно 12,8%“ – вели Божинова

Инаку излезноста до 13 часот на територија на Зрновци за претседатлските избори изнесува 20,38% , а за парламентарните правото на глас го исполниле 20,22%.

Лаура Стојанова, М-Нет