НГИ „Коалицијата на Египќани“ ги повикува Египќаните да гласаат за Силјановска и за ВМРО-ДПМНЕ

НГИ „Коалицијата на Египќани“ ги повикува Египќаните Египќаните во Македонија, кои имаат право на глас, на 8 Мај масовно да излезат на гласање, да го искористат своето гласачко право и да ги подржат кандидатските листи на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата ,,ТВОЈА МАКЕДОНИЈА,, како и кандидатката за Претседател Проф. Д-р Гордана Силјаноска Давкова.

Ние, како припадници на една автентична и автохтона , но ранлива етничка заедница Египќани, кои се најлојална, но истовремено и најмаргинализирана и институционално најнеинтегрирана етничка заедница во нашата единствена татковина Македонија, имаме долгогодишна соработка со политичкиот субјект ВМРО ДПМНЕ, и како долгогодишни партнери цениме дека понудената политичка платформа 1198, нуди решенија кои во голема мера би го подобриле статусот и квалитетот на живот на Египќаните во Македонија.

Како, НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ имаме извонредна соработка и поддршка од лидерот Проф. Д-р Христијан Мицкоски, кој има големо разбирање за проблемите со кои се соочува мојот народ, и во таа насока очекуваме во блиска иднина да потпишеме Меморандум за Соработка, истакна лидерот на НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“, Дипл.правник Демир Далип, кој додаде дека кандидатката за Претседател, Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова е кандидтот кој најмногу може да придонесе за реализирање на човековите права и слободи на Египќаните, нивната интеграција во системот како и целосниот развој на етничката заедница на Египќаните.