Top Sport

ЛШ: Барса го чека Наполи, Порто на гости кај Арсенал

Вечерва во Лигата на шампионите на програмата се натпреварите Барселона-Наполи и Арсенал-Порто.

На 21. февруари, во првите натпревари Барселона и Наполи одиграа 1:1, а Порто го победи Арсенал со 1:0.

„Не чека најважниот натпревар во сезоната. Мотивирани сме и возбудени. Се надевам дека нашите навивачи ќе имаат магична ноќ. Имаме шанса да стигнеме до четвртфиналето по четири години. Играме пред нашите навивачи, имаме кадровски проблеми, но тоа не треба да ни дава оправдување“, истакна тренерот на Барселона Чави.

„Наполи е подготвен“, изјави Франческо Калцона.

Фудбалерите на Арсенал и покрај минусот од еден гол се фаворити против Порто.

„Знаеме дека ни претстои долг натпревар. Мора да бидете подготвени за вакви натпревари. Дефинитивно ќе мора да смениме неколку работи за да генерираме многу повеќе отколку што направивме во Порто. Тоа е можност што ја имаме. Пред нашиот народ, на нашиот стадион, тие 90 минути“, истакна тренерот на Арсенал, Микел Артета.

Тренерот на Порто, Серџо Консеисао, истакнува дека неговиот тим не дошол во англиската престолнина со бело знаме.

„Дојдовме во Лондон да играме фудбал, ќе се обидеме да победиме и да се пласираме во четвртфиналето. Го почитуваме, но не се плашиме од Арсенал“, изјави Консеисао.

Scroll to Top