Супер типот на Sport Life е шаренолик со специјално зголемени квоти од четири спорта (Фото)

Денешниот Супер тип на Sport Life стандардно нуди 16 натпревари со специјално зголемени квоти, и тоа од четири различни спорта.

Понудата со зголемени квоти вклучува девет фудбалски натпревари, три тениски и по два кошаркарски и хокејски мечеви.

Супер типот вообичаено започнува со тенис, и тоа со дуелите од квалификациите за Мастерсот во Мадрид. Кај мажите, Роберто Баутиста Агут е фаворит против Рамос-Винољас (1.32), како и Кокинакис против Тием (1.52), додека во женска конкуренција Бегу е фаворитка против Фрухвиртова (1.54).

Двата хокејски меча се од плејофот во Германија и Норвешка. Во финалето на германскиот плејоф, Ејсбарен води со 2-1 во победи води против Бремерхафен и специјално зголемената квота за да дојде до третиот триумф изнесува 2.05. Во норвешкиот плејоф, Сторхамар со евентуална победа денеска над Волеренга ќе ја освои титулата, а квотата за триумф изнесува 1.58.

Во кошаркарската Евролига започнуваат четвртфиналните пресметки, а зголемена квота има за триумф на Панатинаикос над Макаби Тел Авив (1.48), додека во плејофот од НБА-лигата, Минесота атакува на втор триумф против Феникс (1.82).

Кај фудбалот, зголемени квоти има за победи на Волфсбергер над Австрија Лустенау (2.18), на Дегерфорс над Хелсинборг (1.92), на Бордо над Данкерк (1.88), на Арсенал над Челзи (1.58).

Разноликоста на натпреварите и спортовите значи дека има избор за сечиј вкус.

- Оглас -

Најнови вести