Лукаревска во Штип на средба со граѓаните – пензионерите во фокусот на активностите

Пензионерите заслужуваат подобри услови за живот, минимална пензија од 20 илјади денари и просечна пензија од 30 илјади денари – со засложби за пензионерите СДСМ и коалицијата на средба со граѓаните на пазарот во Штип. Носителот на листа на кандидати во Изборна единца 3, Сања Лукаревска посочи дека никој не бил заборавен во период претходно и дека ќе се работи и во иднина.

„Заедно со граѓаните поминавме три кризи, и девет пакети антикризни мерки и не дозволивме никој да остане сам. Никој не беше заборавен. И успеавме во исто време да ги зголемите и платите и пензиите. СДСМ не се откажува и го штити достоинството на пензионерите. Тоа се наши родители, нашиот штит, нашата поддршка кога е најтешко, секогаш со нас и во добро и во лошо. Заслужиле и многу подобро. Затоа се обврзуваме на минимална пензија од 20 илјади денари, а просечната пензија ќе биде 30 илјади денари.“ – вели Лукаревска.

Победата ќе биде за сите и на сите – додаде Лукаревска посочувајќи дека ќе се живее европски во нашата Македонија.

Лаура Стојанова М-Нет