Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица

Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица

пред 2 недели

Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.

Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.

На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.

Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.

Текстот Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top