Во Крива Паланка денеска до 11 часот на првиот круг од претседателските избори гласале речиси една четвртина од вкупниот број гласачи запишани во избирачкиот список, односно 24,5 проценти.

Општина Кратово, според информациите од претседателката на општинската изборна комисија, Јасминка Крстевска, бележи 19,65 отсто излезност до 11 часот, се гласа на вкупно 34 избирачки места, а право на глас имаат 7536 граѓани.

Во Општина Ранковце, пак, до 11 часот излезноста е 14,11 отсто, а се гласа на 13 избирачки места.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.