24-годишна државјанка на Албанија загина во тешка сообраќајна незгода на автопатот Тетово – Скопје

0
239

На 28.11.2023 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“ во насока од Тетово кон Скопје, во атар на с.Ласкарци, скопско, патничко моторно возило „ауди“ со албански национални ознаки, управувано од В.М.(40) од Република Албанија, излетало од коловозот. Од здобиените повреди во несреќата на местото починала сопатничката Е.Т.(24) од Република Албанија,а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Додека, со тешки телесни повреди се здобил возачот В.М. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

Извор: МВР