• среда, 24 април 2024

Регионален настан „Дијалог помеѓу засегнати страни за намалување на емисиите на јаглерод во земјоделството“

Регионален настан „Дијалог помеѓу засегнати страни за намалување на емисиите на јаглерод во земјоделството“

Скопје, 17 април 2024 (МИА) - АгФутура Технологии ДООЕЛ – Скопје, македонски партнер во проектот Јаглеродна иницијатива за земјоделство отпорно на климатски промени – КАРБОНИКА, финансиран од Програмата за истражување и иновации на Европската унија – Хоризонт Европа, во рамките на активностите за реализирање на проектот, денеска организира регионален настан на тема „Дијалог помеѓу засегнати страни за намалување на емисиите на јаглерод во земјоделството“.

На настанот обраќање ќе имаат Благоја Муканов, управител на АгФутура Технологии, Григорис Чацикостас, координатор на проектот КАРБОНИКА, претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, експерти од Грција, Кипар и Северна Македонија. Целта на настанот е да се поврзат клучните интересни групи како експерти, креатори на политики, земјоделци, владини агенции, научни институции, невладини организации и професори во областа на одржливото земјоделство и зачувувањето на животната средина. Со специфичен акцент на ниско јаглеродно земјоделство, на овој настан ќе се анализираат иновативните стратегии, најдобри практики и технологии, ќе се поттикне соработка и ќе се промовира истражувањето и развојот за одржливи земјоделски практики.

Во рамки на настанот ќе се одржат две тркалезни маси и сесиja фокусиранa на пристап до финансии и техничка поддршка. Дополнително, како дел од овој настан, во текот на целиот ден е планирана проектна синергија за презентација на различни иновативни проекти на ЕУ. Настанот претставува и можност за вмрежување, размена на знаења и искуства помеѓу заинтересираните страни, соопштуваат од АгФутура Технологии. са/мд/

Фото: принтскрин

.

 

Остани поврзан