Музика на кирилица

Ексклузивен концерт на Каролина во Народниот театар – Велес

Во склоп на концертите по повод ,,Први Март” во Македонија, Каролина ќе одржи ексклузивен концерт на 27-ми април во Велес, во Народниот театар ,,Јордан Х.К. Џинот”!

После распродадените концерти во март во Скопје, Гевгелија, Струмица и Крива Паланка и претстојните концерти овој викенд во Куманово и Охрид, Каролина доаѓа во Велес на 27-ми април со својата “greatest hits” програма и најубави песни, во интимниот амбиент на Народниот театар ,,Јордан Х.К. Џинот”!

Влезниците ќе бидат во продажба од 12-ти април (петок) онлајн на ticketx.mk, продажната мрежа на ticketx низ Македонија и билетарницата на театрот по цена од 1.200 денари. Станува збор за театар со мал капацитет, па наш совет е да бидете брзи во петок наутро.

 

 

Можеби ќе ве интересира: