Четири „сигурици“, Дончиќ и Јокиќ треба да ги водат своите екипи кон нови победи, два супер интересни дуели

Осум натпревари ноќеска ќе се играат во НБА лигата, а интересно е дека на четири од нив како предвреме да се познати побендиците. Се работи за четири средби на кои домашните екипи се апсолутни фаворити и би било големо изненадување да не победат.

Како „чисти кецови“ се дуелите на кои пред своите навивачи ќе играат Кливленд, Атланта, Бруклин и Оклахома. Домашниот терен се очекува да го искористи и актуелниот првак Денвер нагетс против Минесота.

На останатите три дуели, според коефициентите, се очекува да биде многу понеизвесно. Лука Дончиќ ќе го предводи Далас на гостувањето во Мајами, додека ЛА клиперс е домаќин на Феникс. Милвоки и Орландо се во разлика од само две победи и двете екипи се во трка за освојување на второто место на Истокот.

Возбудливо ќе биде и во обидот да се погоди „плус-минус“ поените што ќе ги постигнат кошаркарите кои ноќеска ќе бидат низ НБА терените.

- Оглас -

Најнови вести