Балканленд

Карлеуша станува актерка

Музичката ѕвезда Јелена Карлеуша ја прифати понудата на актерот Лазар Ристовски да глуми во серијата што ја подготвува, а според гласините ова ќе биде најскапата серија што некогаш се снимала.

Како што пренесува „Телеграф“, одлучено е дека ова е голем предизвик во кој ќе се вложат многу средства, а Јелена ќе глуми средновековен разбојник и фатална заводничка, подготвена на се за да ја заштити својата територија.

„Приказната е измислена, но се базира на многу историски моменти и геополитички факти, се работи за средниот век. На оваа серија работиме долго време и целата идеја е навистина нешто што не е видено кај нас. Идејата на Лазар Ристовски беше да и понуди на Јелена значајна улога, главната улога, што таа на крајот ја прифати. Ова ќе биде голем предизвик за неа, но и за целиот тим кој работи или ќе работи на серијата. Сите сигурно ќе сакаат да го видат тоа“, вели изворот на „Телеграф“ и додава:

„Јелена ќе глуми фатална заводничка која се занимава со интриги и политика и ги заведува најголемите личности од таа ера, се со цел да ја заштити својата земја. Дури, колку што знам, убива моќен човек според сценариото… Фактот дека се гради пиратски брод, но вистински пиратски брод, како и градот што ќе се гради во областа на ​Котор, покажува колку е се големо. Снимањето треба да започне за неколку месеци“, открива нивниот соговорник.

Се шпекулира и дека серијата ќе се прикажува на Нетфликс. Се уште се работи за неофицијални информации, бидејќи никој кој е дел од проектот не излезе во јавноста со официјални информации и се се држи во тајност.

Можеби ќе ве интересира: