Поврзете се со нас

Светски првенства

Јунакот на Хрватска со оптимистичка изјава по импресивниот кам-бек на светскиот вицешампион

Објавено

на

Андреј Крамариќ одигра извонредно добро против Канада и со своите два гола им ја олесни работата на своите соиграчи, кои беа во почетен грч по шокот кој го приреди Алфонсо Дејвис по 65 секунди игра.

Канада со својот прв гол на мундијалите поведе со 1:0 против фаворизираниот противник, но потоа на своја кожа ја почувствува силата на актуелниот светски вицешампион кој одговори на најдобар можен начин.

Хрватска постигна четири гола во мрежата на Борјан, од кои два беа дело на јунакот Крамариќ, кој крајно самоуверено изјави дека „коцкестите“ веќе се гледаат себе во осминафиналето.

За да се осигура тоа, Хрватска ќе треба да освои барем бод на последниот меч во групата, а тоа е оној против Белгија која денеска разочара против Мароко.

– Првите пет минути беа навистина тешки. Имавме лош почеток, но потоа покажавме што значи Хрватска. Се вративме и доминантно победивме. Да бидам искрен, мислам дека одиме понатаму и ја минуваме групата. Не се даваат два гола на мундијал секој ден, морам да им се заблагодарам на соиграчите за доавања. Среќни сме и сега одиме мирно на следниот меч, – изјави Крамариќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни