Познати

СТРАШНА СЦЕНА ПО КОНЦЕРТОТ НА АЛЕКСАНДРА ПРИЈОВИЌ: Филип Живојиновиќ се онесвестил пред својата сопруга

Српската пејачка откако го завршила настапот во Нови Сад и публиката почнала да ја напушта салата, заедно со сопругот се упатила кон автомобилот кога на Филип ненадејно му се слошило и се онесвестил.

СТРАШНА СЦЕНА ПО КОНЦЕРТОТ НА АЛЕКСАНДРА ПРИЈОВИЌ: Филип Живојиновиќ се онесвестил пред својата сопруга

Александра Пријовиќ во неделата вечерта одржа голем концерт во новосадската „Спенс“, но крајот на таа вечер бил одбележан со инцидент поради здравствената состојба на нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ.

Како што пренесуваат медиумите, пејачката откако го завршила настапот и публиката почнала да ја напушта салата, заедно со сопругот се упатила кон автомобилот кога на Филип ненадејно му се слошило и се онесвестил.

Според изворот, тој само колабирал.

– Се беше нормално, Александра го заврши концертот, а Филип и таа придружувани од обезбедувањето се упатија кон излезот. Одеа пред нас кога Филип падна како покосен. Александра почна да вика и да плаче, додека обезбедувањето притрча и го полеаа со вода. Обезбедувањето потоа го внесе во автомобилот и го однесоа некаде, а Александра ја вратија во салата, веројатно за што побрзо да се пресоблече и да му се придружи на сопругот. Не знам што се случи потоа и дали се работи за нешто сериозно или на Филип само му се слошило од жештината, со оглед на тоа што беше доста топло – изјавил изворот кој бил на лице место, пренесуваат српските медиуми.

Но, ниту Филип ниту Александра Пријовиќ не објавија ништо за инцидентот и за здравствената состојба, а Инфомер понатаму наведува дека според неофицијални информации состојбата на Живојиновиќ набрзо се стабилизирала. Имено, станува збор за преголем замор како последица од напорната работа бидејќи тој бил ангажиран во организацијата на концертот.

Најнови вести од Познати

To top