Се сомничат за убиство, а добија куќен притвор: познати иницијалите на лицата осомничени за убиството во Железара
By
Posted on
Кривичен суд се огласи за изречените мерки за лицата осомничени за убиството на докторот во Железара.
“Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за определување мерки за претпазливост против две лица кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, а поврзани со Убиството на лекар во населабата Железара, донесе решнија со кои: Предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје за опредлеување мерка краткотраен куќен притвор против Г.Д. и И.Д. за кои постои сомнение за кривичното дело Убиство од чл. 123 ст. 1 се прифаќа и им се определува 48 часовен куќен притвор”, велат од Кривичен суд.