Неславна улога на семејната сцена:Во Њујорк уапсен актерот Џонатан Мејџорс за напад врз жена, обвинет е за давење

83

Американскиот актер Џонатан Мејџорс е уапсен во Њујорк откако бил обвинет за напад на жена во семеен спор, соопшти полицијата.

Њујоршки полицајци вчера околу 11 часот одговориле на итен повик во стан во населбата Челзи во Њујорк, а 33-годишен маж бил вмешан во домашна расправија со 30-годишна жена.

Според полициското соопштение за инцидентот, жената се здобила со полесни повреди на главата и вратот и е пренесена во болница.

Мажот во инцидентот, идентификуван како Мејџорс, е уапсен под обвинение за давење, напад и малтретирање.

Во последните месеци популарноста на холивудската ѕвезда Мејџорс значително се зголеми откако се појави во главната улога во третиот дел од филмот „Creed“.