Македонија

Боки 13 алармира дека добива закани и има притисоци поради гостувањето кај Лазаров вечерва

Бојан Јовановски-Боки 13 вечерва ќе го има неговиот прв настап во подкаст, кај јутуберот Стефан Лазаров. На социјалните мрежи Боки 13 објави: „Денеска е денот“, па дополни дека подкастот е во 20 часот.

„Пс. престанете со притисоци и закани за вечер“, додава тој во објавата.

Screenshot

На социјалните мрежи се огласи и Лазаров.

„Од денес многу работи ќе се поинакви, 20:00 поткаст со Боки 13… Дознавате работи кои ни во сон не би замислувал дека се можни. Се гледаме…“, напиша Лазаров.

На почеток