Поврзете се со нас

Светски првенства

Далиќ го пецна канадскиот колега: Господинот исчезна, очигледно е лут

Објавено

на

Хрватска направи пресврт во дуелот со Канада и на најдобар можен начин одговори на провокациите на противничкиот селектор Џон Хердман.

Златко Далиќ на прес-конференцијата по дуелот не сакал директно да одговори на зборовите на својот колега, но му замерил што избегнал средба по завршувањето на средбата.

– Јас кога губам, го поздравувам и му честитам на противникот.

– Канадскиот селектор не ме сочека, веднаш се упати кон соблекувалната.

– Господинот очигледно е лут, се работи за квалитетен тренер, но има уште многу да учи, – изјавил хрватскиот селектор.

Хрватите со победата од 4:1 имаат големи шанси за место во осминафиналето, додека Канада е елиминирана од мундијалот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни