Култура
Во Гостивар во четврток изложба и перформанс на Бојана Артиновска
Ликовната уметница Бојана Артиновска со свои дела ќе се претстави пред гостиварската публика. Нејзината изложба „Вода“ ќе биде отворена во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, во четврток (18 април) со почеток во 19 часот.
„Секој од основните елементи има особено влијание и моќ да го лекува протокот на енергија во просторот. Уметноста исто може да лекува, делото вибрирајќи со одредена фрекфенција, делува врз физичкото, менталното и емоционалното тело на човекот. Мојот обиде е да преку претставувањето на основните елементи индиректно да делувам врз физичкиот простор. Прв елемент со кој работев беше земја, сега истражувам преку водениот елемент. Поврзувањето со овој витален аспект од природата може да не научи важни лекции за нашиот внатрешен и надворешен свет. Водата претставува флуидност, сензуалност, радост, способност „да се оди со тек“, слобода, како и моќ на креативноста. Секој пат кога ќе се поврземе со водата и ќе ја подигнеме нејзината енергија во нас, ние исто така ги подобруваме овие квалитети во нашите умови и тела. Таа прочистува лекува, трансформира. Како што водата се менува и адаптира, така и ние треба да се препуштиме на животниот тек.“, подвлекува Артиновска.
Изложбата содржи петнаесетина платна со различни димензи, изработени во комбинирана техника. Со цел да се приближи уметничкиот чин до публиката, на самиот настан ќе биде изведен перформанс, сликање.
Проектот е работен во соработка со Игор Темелковски, автор на тематската музика која ќе биде изведена во живо за време на перформансот.
Бојана Артиновска е родена е во Велес, 1977 година, каде завршува основно и средно образование. Факултет за ликовна уметност при Универзитетот „Кирил и Методиј“ Скопје завршува во класата на проф. Родољуб Анастасов на отсек сликарство и сценографија.
Член е на ДЛУМ со кое има остварено бројни групни изложби, хуманитарни акции и перформанси. Паралелно со сликарството и сценската уметност истражува и во полето на фотографијата. Има реализирано повеќе самостојни изложби и добитник е на неколку награди.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот