Капитенот на Реал Мадрид, Начо, и дефинитивно од следната сезона ќе има нов клуб. Како што пренесува шпанскиот весник „Марка“, договорот кој му истекува на крајот од тековнава сезона нема да му биде продолжен, и тоа на барање на самиот Начо. Тој од 2001-вата година е дел од „кралскиот“ клуб и откако ги мина сите младински категории, како и втората екипа, од 2012-тата година настапува за најдобриот тим на Реал Мадрид.
Моментално вреди само четири милиони евра, со оглед на возраста, но и покрај тоа за него има интерес од други екипи да го ангажираат. Долго се споменуваше екипата на Интер, но и стандардно екипите од Саудиска Арабија. Сепак, одлуката на 34-годишниот шпанец е својата кариера да ја продолжи во американската МЛС лига, но не е познато името на екипа. Останува да се види дали тоа ќе биде Интер Мајами на Дејвид Бекам или можеби некоја друга екипа.
🚨 Nacho se va a la MLS 🚨
👉 Tiene decidido poner fin a su etapa en el Real Madrid
👉 Ha dejado propuestas de mayor recorrido económico
🖋️ Una información de @jfelixdiaz https://t.co/WvhkeUP9kE
— MARCA (@marca) May 3, 2024